среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тјери Анри поради расизам ги брише сите профили од социјалните мрежи

Тјери Анри поради расизам ги брише сите профили од социјалните мрежи

Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри објави дека поради распространетиот расизам на социјалните мрежи од утре ги затвора сите свои профили.

Анри рече дека компаниите што стојат зад социјалните мрежи не сториле доволно за да спречат насилничко однесување кое редовно за цел ги има фудбалерите со темна боја на кожата.

– Од утре изутрина ги бришам сите свои профили на социјалните мрежи сè додека надлежните не ги регулираат своите платформи со иста енергија и жестина како што тоа го прават кога се кршат авторските права, наведе поранешниот француски репрезентативец и член на Арсенал.