четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 66 пациенти, вкупно се лекуваaт 629 лица

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 66 пациенти, вкупно се лекуваaт 629 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 629 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има17 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки.

Вкупно 629 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Најнови вести