После поразот од Казахстан во првиот натпревар денес селекцијата на Македонија до 21 година одигра реми иако бевме блиску и до победа, водевме со 0:2, но на крајот Словачка успеа да дојде до 2:2.
После ударот на човекот од кого се очекува да биде предводник на оваа генерација Дарко Чурлинов еден репрезентативец на Словачка си постигна автогол во 24. минута.
До втор гол стигнавме после само четири минути игра во второто полувреме.
Словачка се разбуди во финишот, прво 71. минута намалија на 1:2, за на шест минути пред крајот на регуларните 90 да дојдат до 2:2.
До крајот на турнирот во Анталија Македонија ќе одигра уште еден натпревар и тоа против Бугарија, тој дуел е закажан за во понеделник.