четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски до Шилегов: Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше

Трајановски до Шилегов: Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше

Петре несакав да коментирам но кога прочитав дека кажувате дека линиската фонтана била неквалитетно направена ќе ви одговорам:
– фонтаната е квалитетно направена и ги има сите одобренија од надзорните органи. Се обидуваш да ја префрлиш вината на друг.
– никаде во светот по линиски фонтани не се движат тешки возила
– околу линиската фонтана имаше поставено гранитни топки кои укажуаваа и оневозможуваа да се движат тешки возила. Нив ги ставивме откако пропадна возило на ЈП “Улици и патишта”
– кога Папата го посети Скопје ги тргнавте и добар дел сега ги нема околу фонтаната.
– за чистење на фонтаната набавивме две електрични метларки кои поради малата тежина без проблем се движеа и ја чистеа и линиската фонтана. Каде се сега тие метларки, зошто не ги користите?
– оваа фонтана неколку години се чистеше и функционираше без проблем, очигледно дека сега грешката е човечка и организациска
– оваа метларка која денеска пропадна во фонтаната е премногу тешка за да се движи над линиската фонтана, требало да прашате во службите, тие знаат.
– ја нема или драстично е намалена и чуварската служба која се грижеше за плоштадите.
– Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше.
– се надевам дека нема да ти биде повод да ја тргнеш фонтаната туку да ја одржуваш според протоколот кој го знаат службите.

Фејсбук статус на Коце Трајановски

Најнови вести