вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зборот на Филипче не вреди ништо, ајде нека ги декласифицира информациите кој до сега е вакциниран па да ја увери јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Зборот на Филипче не вреди ништо, ајде нека ги декласифицира информациите кој до сега е вакциниран па да ја увери јавноста

Венко Филипче е извор на лажни вести. Секој месец се појавува и најавува нови термини за вакцинирање и вели следниот месец. Возејќи мотори и не е баш во состојба да прати што се случува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува партиското соопштение:

„Веста која ја демантира Филипче, во која се кажува кој се е вакциниран, дека се вакцинирани владини функционери, е објавена во медиум. Барем до толку се надеваме дека има писмен пиар да упати на соопштение на вистинската адреса.

Но, не е лажна вест тоа дека владата на Заев и Филипче не ги декласифицира информациите за тоа кој е ванциниран, а кој не.

Ајде декласифицирајте ги податоците и нека каже кој до сега е вакциниран за да поверува јавноста дека не лажете.

Зборот на Филипче, Маричиќ, Царовска и слични на нив не поминува.

Зборот на Филипче вреди колку сите промашени датуми за нови вакцини“.

Најнови вести