Секој ден изразуваме некому сочувство а вие зборувате за менување на имиња, му порача советничката од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Град Скопје Јелена Жугиќ на денешната седница на советот за која дискутираше за промена на имињата на улиците.
Жугиќ го праша Шилегов дали знае дека што се случува со граѓаните, посочувајќи дека не знае дека градската администрација поради немање на мерки и протоколи за заштита од корона вирус, станала корона кластер.
-Дали знаете што се случува меѓу граѓаните? Вие не знаевте бројка на заболени пред недела дена во вашата администрација? Вие завчера воведовте протокол, мерка за стопирање на ширење на заразата. Град Скопје администрацијата ви е корона кластер, рече таа.
Жугиќ побара наместо да се дискутира за промена на улиците, да се преземат конкретни нешта, повикувајќи сите советници да се откажат од своите паушали и да им помогнат на ранливите категории.
-Дајте да зборуваме за конкретни нешта, дајте потегнете некоја активност, дајте предложете да се откажеме сите советници од своите паушали еден месец и да ги донираме да купиме нешто, има ранливи категории, една маска носат по 5 дена, вели Жугиќ.
-Ние овде се давиме во ѓубре, целата држава ни мириса на леш, на смрт, реа се шири по целиот регион, на Балканот, во светот допира нашата смрдеа, а вие нас не замајувате со промена на имиња на улици. Ова е дно, ова е срамота, порача Жугиќ.