понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски: Во ек на пандемија и кога Македонија се соочува со голем број на загубени животи, Шилегов на сила протурка незаконско решение за промена на голем број на имиња на улици и булевари во Скопје

Трајановски: Во ек на пандемија и кога Македонија се соочува со голем број на загубени животи, Шилегов на сила протурка незаконско решение за промена на голем број на имиња на улици и булевари во Скопје

Во време на пандемија и кога секојдневно се соочуваме со голем број на загубени животи, кога сме на врвот на светската листа по смртност, Петре Шилегов на сила протурка незаконско решение за промена на голем број на имињата на улици и булевари во Скопје.

1. Оваа одлука е целосно незаконска, спротивна на член 8 од Законот за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во кој децидно стои дека не треба да се вршат промени на улици шест месеци пред локалните, претседателски или парламентарни избори, како и дека една година пред планиран попис.

2. Како целосно незаконска, најверојатно оваа одлука ќе падне на суд, со што непотребно ќе ги ставате на трошок граѓаните и компаниите, кои Вашите ветувања и хирови ќе ги чинат многу пари.

3. Со вчерашната незаконска одлука сменивте 493 имиња на улици, плоштади и мостови во Скопје! Толкава бројка се нема случено по Втората светска војна, па оттаму се поставува прашањето, зошто се брзате толку ова да го направите на неколку месеци пред локалните избори? Чии интереси сакате да задоволите со оваа незаконска постапка? Зошто ја обезличувате Македонија?

4. Целата постапка со која се променија фантастични 493 улици го направивте во крајно нетранспарентен начин, без никаква јавна дебата. Шилегов се испофали дека дел од имињата биле дадени во онлајн анкетата, меѓутоа никаде немаше јавна дебата за квалитетот на имињата кои (наводно) биле предложени од граѓаните, за потребата за именување на улици по нив, како и потребата да бидат тргнати некои од постоечките имиња. Ако зборувавте за транспарентност ќе направевте една проширена анкета и дебата, каде што ќе ги вклучивте сите оние луѓе, археолози, историчари, етнолози и останати стручни фели кои ќе дадеа придонес за вистинска транспарентност.

5. Има добри предлози, на најголемиот број се несоодветни и со кое право Шилегов и СДСМ си дозволија да ги тргнат имињата на голем број од личностите од македонска историја, од периодот на антиката, преку Илинден до партизаните? Со оваа одлука се тргаат имињата на Филип 2 Македонски, Јустинијан први, Павел Шатев, Тодор Александров, Борис Сарафов, Васил Чакаларов, Петре Пирузе, Генерал Михајло Апостолски, Мајка Тереза, Х.Т. Карпош, Македонско Косовска бригада и многу други. Која ви е целта? Дали со ова исполнувате некакви дадени ветувања?

6. Покрај скандалозното тргање на дел од имињата, истите се заменуваат со имиња кои се или анонимни, или се лица кои немаат никаква допирна точна со Скопје или Македонија.

Фејсбук статус на Коце Трајановски

Најнови вести