Излези момче право на тераса и поздравија Гоцевата раса! Македонската култна песна ечеше во соблекувалната на нашите фудбалери по спектакуларната победа, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) во рамки на мундијалски квалификации.
Во судиското продолжение на првото полувреме капитенот Горан Пандев, по одлична асистенција на Енис Барди, рутински ја смести топката во мрежата на Андре тер Штеген.
Домаќините пропуштија голема шанса за целосен пресврт на десет минути пред крајот преку Тимо Вернер, а казната на спротивната страна стигна во 85 минута кога Елиф Елмас, на асистенција на Аријан Адеми, биеше прецизно за конечни 2:1 и историски триумф на македонската репрезентација во првиот меѓусебен дуел со Германија.
Нашите момци се покажаа во најдобро можно светло, а цела Македонија е горда на нив!