понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јирген Клинсман: Македонија покажуваше моменти на брилијантност

Јирген Клинсман: Македонија покажуваше моменти на брилијантност

Поразот од Македонија синоќа боли во германската јавност и никако неможат да им простат на своите најдобри фудбалери.

Некогашната фудбалска икона на Германија, Јирган Клинсман упати серија на пофалби за македонскиот национален тим и критики за Германците.

„Искрено, не знам како загубивме, ова е многу неочекуван пораз. Македонија покажуваше моменти на брилијантност и не беше изненадување што водеа на полувреме. Имавме и ние добри моменти, удар на Горецка во пречката на стартот. Да бидам искрен, Македонија требаше да добие пенал, Ова е огромен шок за Германија, нема сомнеж во тоа. Денес нема да има ниту еден германски репрезентативец кој нема да го почувствува разочарувањето на фановите. Ќе биде подобро да се скријат неколку дена дома пред да излезат од дома.“, рече Клинсман.