Се потврди лажната борба на градоначалникот Саша Богдановиќ за неконтролираното градење во општина Центар. И после речиси 4 месеци откако Уставниот Суд го укина таканаречениот мораториум општина Центар не поднела ниту едно барање за суспензија на спорните планови до Министерството за транспорт и врски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.
-Богдановиќ не само што не поднел ниту едно барање туку тој не доставил ниту еден елаборат или каквов било документ, ниту пак се прикачиле некои од плановите за суспензија во системот е-урбанизам во Министерството за транспорт и врски. СДСМ речиси 8 години се на власт во Центар. Во тие 8 години власт од можни 31 ДУП општината успеа да ревидира само 8. Но и покрај тоа што во Општината имаше “мораториум”, центарци беа сведоци како секојдневно се градеа згради на секој чекор, велат тие.
Од ВМРО-ДПМНЕ Центар порачуваат дека дополнително Богдановиќ треба да им одговори на граѓаните зошто во тие 8 ревидирани ДУП-ови, не се оние каде треба најмногу да се гради, а тоа се Треска и Холидеј Ин каде се планира да се населат неколку илјади луѓе.
-Со ваквото однесување, Богдановиќ докажа и покажа дека главното ветување во неговата изборна програма, а тоа беше мораториумот беше една голема лага и манипулација се со цел добивање на ситни политички поени, велат од партијата.