недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Филипче повика: Граѓаните помасовно да се пријавуваат за вакцинација- сега е исклучително ризична ситуација

Филипче повика: Граѓаните помасовно да се пријавуваат за вакцинација- сега е исклучително ризична ситуација

Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче, за време на посетата на модуларната болница во Прилеп, посочувајќи дека сега е исклучително ризична ситуација.

Филипче повика и граѓаните помасовно да се пријавуваат за вакцинација, бидејќи, како што кажа, тоа е еден од главните инструменти во борбата против пандемијата.

-Здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само кај нас насекаде во светот се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран и тоа е нешто што буквално се случува во сите околни земји во цела Средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка, изјави министерот.

Најнови вести