Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски денеска во 14 часот ќе одржат прес-конференција.
Од Владата информираат дека прес-конференцијата ќе се одржи по седницата на Влада која е закажана во 13 часот, а на која ќе се разговара за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.