Вчера околу 19.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Самоилова“, на парцела позади Француските гробишта, во свлечиште од земја биле пронајдени повеќе коски од човечко тело.
Извршен е увид на местото и по наредба на Јавен обвинител коските се предадени на Судска медицина за понатамошна постапка.