Граѓаните што имаат домашни миленичиња ќе може да ги изнесат надвор од 22:00 до 23:00 часот.
-За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата целата држава, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат, информира МВР.