среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер очекувано до лесна победа против Пролет

Еурофарм Пелистер очекувано до лесна победа против Пролет

Битолски Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и го совлада Пролет со 26-17 полувреме (12-6), во дуелот од четвртото коло на машката ракометна Супер лига.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ и Кушан со по пет гола, а кај Пролет се истакнаа Аларов со пет и Андоновски со четири погодоци.

Во следното петто коло, за време на викендот, Еурофарм Пелистер му гостува на Металург, а Пролет игра со градскиот ривал Бутел.