вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Синот на спортската легенда уапсен за сексуален напад врз 16-годишно девојче

Синот на спортската легенда уапсен за сексуален напад врз 16-годишно девојче

Лук Дејвид Армстронг, синот на обесчестениот велосипедист Ленс Армстронг, е уапсен за сексуален напад што се случил пред три години!

Кога кажуваме посрамотениот Ленс Армстронг, првенствено го мислиме оној голем скандал со допинг кој фрли голема дамка на поранешната спортска легенда. Барем беше, сè додека не се откри дека постигнал резултати со помош на хемија.

Неговиот син Лук Дејвид, кој сега има 21 година, беше обвинет за сексуален напад врз тогашната 16-годишна девојка на забава во Тексас.

Тој беше ослободен со кауција, а жртвата го пријави инцидентот во ноември минатата година. Од друга страна, неговиот адвокат ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека неговиот клиент во тоа време бил во врска со таа девојка неколку месеци.

– Она што се случи во средно училиште пред три години не беше кривично дело или сексуално насилство. Тоа беше консензуална врска помеѓу двајца млади луѓе, по што секој одеше по својот пат. Овие обвинувања не требаше да бидат поднесени, особено не три години подоцна – рече адвокатот на Армстронг.

Од друга страна, девојчето и рекла на полицијата дека го повикала Лука да ја однесе од една забава, бидејќи била пијана. Како и дека не се сеќава дека возеле до неговата куќа каде што се разбудила.

Сепак, таа додаде дека Лук и признал во телефонскиот разговор во декември 2020 година дека имале сексуални односи во куќата на неговиот татко.