Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на ковид-19. Од затворот потврдија дека има заразени и тројца вработени, пренесе СДК.МК.
„Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет осудени лица. Петте осудени лица позитивни на коронавирус се во две посебни простории изолирани и издвоени од останатите осудени лица“, рече директорот Мики Тодоров, пренесе порталот.
Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.
Вчера во затворот се тестирале уште дваесетина затвореници и вработени, за да се открие дали кластерот се шири.