среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛЕ: Манчестер Јунатед рутинирано против Ганада, Рома победнички во Амстердам

ЛЕ: Манчестер Јунатед рутинирано против Ганада, Рома победнички во Амстердам

Најголемиот фаворит за освојување на Лигата на Европа оваа година, екипата на Манчестер Ј.  се враќа со предност од 2:0 од гостувањето кај Гранада во првото четвртфинале од оваа натпреварување

Со голот на Маркус Рашворд во 31. минута поведоа со 1:0, а пред крајот, Бруно Фернандес од пенал зголеми и на 2:0 со што на крајот се испостави како конечен резултат..

Лондонски Арсенал, се намачи на домашен терен против Славија (П) и во 86. минута успеа да поведе постигнувајќи гол преку Пепе за победа од 1:0.

Но иако сите очекуваа крај и победа, гостите по поледниот корнер на средбата успејаа да израмнат на 1:1 со голот на Холеш и како непоразени да заминат од Лондон.

Динамо (З) загуби на свој терен од Виљареал со 1:0, иако одигра добар меч. Нашите фудбалски репрезентативци Адеми и Ристовски беа стартери за „модрите“, кои во првото полувреме постигнаа гол за водство, но истиот беше поништен поради офсајд.

Рома приреди голем пресврт во Амстердам, откако губеше по првиот дел со 1:0, но откако Тадиќ промаши пенал за Ајакс за зголемена предност, Рома со головите на Пелегрини и Ибанез направија пресврт и победија од 2:1 и имаа одличен резултат пред реваншот во Италија/