среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналд Куман бесен на судиите по мечот со Реал Мадрид

Роналд Куман бесен на судиите по мечот со Реал Мадрид

Актуелниот фудбалски шампион на Шпанија Реал Мадрид во 30. коло од шпанската Ла Лига го доби дербито против Барселона со 2-1 и се искачи на првото место на табелата, а причина за незадоволство по натпреварот имаше тренерот на каталонскиот гигант Роналд Куман.

Куман беше бесен поради ситуацијата во 84. минута, кога судијата реши да не покаже на белата точка откако Менди имаше дуел со Брајтвајт.

„Секој навивач на Барселона нема да биде задоволен со ова судење. Имаше пенал врз Брајтвајт, а не сум задоволен ниту со судиското надополнување. Се играше само четири минути, а судијата три потроши на замени на уредот на раката. Требаше да ни даде поголемо надополнување. Очигледно не постои ВАР во Шпанија“, кажа Куман по мечот.