вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер фуриозно низ Автокоманда

Еурофарм Пелистер фуриозно низ Автокоманда

Еурофарм Пелистер го декласираше на гостински терен Металург со убедливи 22-32, продлабочувајќи ја уште повеќе кризата во која се наоѓа клубот од Автокоманда од почетокот на плејофот.

Кај Битолчани одбраната беше на највисоко ниво, а во нападот во првото полувреме блескаа Периќ и Мандалиниќ, кои заедно (11) постигнаа повеќе голови од целиот тим на Металург (9) во стартните триесет минути.

Периќ постигна седум, а Костески и Мандалиниќ по пет погодоци за Еурофарм Пелистер при оваа убедлива победа, додека кај Металург најефикасни беа Хорват со седум и Калуѓеровиќ со четири погодоци.