Вулкан на планина на Хаваи еруптираше и тоа во близина на населен дел на најголемиот хавајски остров, по што следувала итна евакуација на локалното население.
Сведок изјавил дека видел како тече лавата како „завеса од оган“, како и дека почувствувал мирис на сулфур и запалени дрвја.
Ерупцијата била проследена во низа земјотреси. Вулканскиот кратер се активирал минатата недела, а лавата започнала да се движи и кон населените места.
Американскиот Црвен крст отворил засолништа за луѓето, а активирана е и хавајската национална гарда.