среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Денеска дел од Кејот 13-ти Ноември ќе биде без вода

Денеска дел од Кејот 13-ти Ноември ќе биде без вода

Поради дефект на затворач ф-80 милиметри на Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје, во близина на мостот Око, денеска ќе има прекин во водоснабдување на корисниците на дел од кејот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 09:00 часот и прекинот ќе трае до завршување на активностите за отстранување на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. (МИА)