недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел побара поголеми овластувања кои ќе и овозможат да воведе рестриктивни мерки и полициски час

Меркел побара поголеми овластувања кои ќе и овозможат да воведе рестриктивни мерки и полициски час

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше денеска на пратениците да одобрат нови овластувања кои ќе и овозможат да воведе рестриктивни мерки и полициски час во областите каде има голем број на заразени со коронавирус.

Таа додаде дека мнозинството Германци се за воведување поригорозни мерки.

– Третиот бран од пандемијата не погоди силно, истакна Меркел, чиј говор во Бундестагот беше прекинат од пратениците на крајно десничарската Алтернатива за Германија, кои се против заклучување.

Таа се осврна на здравствените работници, нагласувајќи дека едвај го издржуваат притисокот.

– Здравствените работници на интензивна нега испраќаат повик за помош, еден по друг. Кој може да ги игнорира нивните молби?, праша германската канцеларка.