четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкупи се договори со Гоце Седловски

Шкупи се договори со Гоце Седловски

Фудбалскиот клуб Шкупи и некогашниот фудбалски репрезентативец Гоце Седлоски потпишаа договор за соработка и ја официјализираа денеска.

47-годишникот стратег се враќа во Првата македонска фудбалска лига ПМФЛ за да ја продолжи битката за врвот на табелата со тетовска Шкендија.

„Како прво, сакам да им се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите што ме поддржаа. Имавме разговори во текот на зимата, но во тоа време не најдовме заеднички јазик, сега тоа се случи повторно и во повторените разговори со раководството решивме да дојдам во Шкупи. Нивното барање за следната сезона и моето е во согласност. Имам предвид дека многу се вложува во овој клуб, ангажирани се многу фудбалери, иако искрено познавам само двајца или тројца од овие фудбалери со кои работев малку додека бев во Вардар додека другите не ми се познати“, изјави Седлоски.

.