На 01.01.2018 година околу 03,45 часот на влезот во Полициската станица -Центар, поточно пред канцеларијата на сменоводителот, физички бил нападнат униформиран полициски службеник од страна на М.М. (1990) од Скопје.
Пријавениот го удрил полицаецот со рака во пределот на градите и лицето.
М.М претходно бил приведен за – „нарушен ЈРМ“.