вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рубљов и Циципас во финалето на АТП турнирот во Монте Карло

Рубљов и Циципас во финалето на АТП турнирот во Монте Карло

Андреј Рубљов и Стефанос Циципас ќе се сретнат во финалето на АТП Мастерсот во Монте Карло.

Русинот и Гркот ги потврдија улогите на фаворити во полуфиналните мечеви и во меѓусебна пресметка ќе одлучат кој е шампион на овој турнир за оваа година.
Рубљов беше подобар од Каспер Руд со 2-0 во сетови (6-3, 7-5 ). Ова за Андреј е прво финале на Мастерсите од серијата 1000 и истото со нетрпение го очекува. Претходно Циципас беше убедливи против Даниел Еванс со 6-2, 6-1.