вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз ја одбрани титулата во Барселона, Лајовиќ победи на турнирот во Бања Лука

Алкараз ја одбрани титулата во Барселона, Лајовиќ победи на турнирот во Бања Лука

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои турнирот во Барселона каде во големото финале го совлада петтиот светски рекет, Стефанос Циципас од Грција, со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 за 80 минути игра.

Тенисерот од Мурсија така ја потврди одличната форма, ова му беше деветта титула во кариерата, а трета оваа сезона, откако претходно ги освои Буенос Ајрес и Индијан Велс.

Душан Лајовиќ од Србија е победник на турнирот во Бања Лука (Босна и Херцеговина) откако 2:1 во сетови 6:3, 4:6, 6:4 во завршната битка за пехарот беше подобар од Русинот Андреј Рубљов.

За Лајовиќ ова е втора професионална титула во неговата кариера откако првата ја освои во 2019 година во Умаг.

Лајовиќ не само што ја прекината серијата на Русинот од осум победи во низа, туку на овој турнир триумфираше над двајца играчи од ТОП 10.

Претходно во четвртфиналната фаза го елиминираше сонародникот и прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ.