понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Научна конференција за миграција

Научна конференција за миграција

Заменик-министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска присуствуваше на меѓунардоната конференција посветена на миграцијата, во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, Адеми во своето обраќање посочил дека миграцијата е актуелен, голем и горлив проблем со кој се соочува Република Македонија и многу поголеми и многу поразвиени држави во светот.

– Младите и нивните потреби се фокус на нашите политики на делување во сите сфери. Работиме за создавање подобар живот. Треба да им овозможиме на младите да стекнат квалитетни знаења и вештини за работа и да им овозможиме да ги практикуваат во Македонија. Треба да ги сослушаме нивните идеи и размислувања, да направиме да се чувствуваат важни, овде и сега. Да ги увериме дека и се потребни на државата и оти токму тие се креаторите на иднината и двигатели на развојот, нагласил Адеми.

На конференција присуствувал и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.

(Миа)

Најнови вести