Најдобрите македонски ракометарки се вратија од Букурешт и од денеска одново се на тренинг во салата Јане Сандански каде в среда ќе се одигра реванш мечот за пласман на СП со Романија.
Тоа ќе биде втор дуел од баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија на крајот од годинава, со забелешка дека по саботниот пораз во Букурешт од 33-22 сега за нас мундијалот е доста далеку.
Мечот ќе се одигра в среда во Скопје со почеток 17 часот.