Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед подготви нов договор за португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш и тоа со двојно поголема заработувачка.
Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да му ја зголеми платата на 26-годишниот Фернандеш, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделна плата
Причината за ваквата реакција на Јунајтед е интересот од страна на Барселона и Реал Мадрид за Португалецот.
Фернандеш дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари минатата година за 55 милиони евра.