Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе се борат во Саудиска Арабија за титулата апсолутен шампион во тешка категорија.
Веста ја потврди, Боб Арум, промотерот на Тајсон Фјури. Деталите за борбата меѓу двајцата Британци биле договорени минатиот месец, а остана само да се донесе одлуката каде ќе се одржи борбата.Одлуката падна локацијата да биде Џеда во Саудиска Арабија поради финансиите.
„Остана само да потпишеме договор и се да официјализираме. Направивме голем чекор. Очекуван точниот датум да биде објавен во следните 10 до 14 дена“, истакна Арум.
Според досега познатите податоци во опција се датумите 24, 31. јули и 7. август.