Денеска (22.04.2021) од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за прв одговор и интервенција, кај Камен мост во Скопје бил приведен А.З.(30) од Скопје, кој во 09.40 часот, при излез од Кривичен суд во Скопје, додека бил спроведуван од страна на Затворска полиција, избегал.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, информираат од МВР.