сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Политико: Темелна истрага за мистериозните симптоми на американските војници во Сирија

Политико: Темелна истрага за мистериозните симптоми на американските војници во Сирија

Функционери на американскиот Пентагон ги информираа клучните групи конгресмени за информациите дека Русија стои зад минатогодишните напади во кои беа повредени Американци, пренесе порталот Политико.

Според порталот, нападите биле извршени со тајно оружје и „се верува дека зад нив стои Русија“.

Меѓу тие напади, за кои постои сомнеж, се и повредите здобиени од американските војници во Сирија. Истрагата, исто така, го вклучува и инцидентот што се случи ланската есен кога неколку војници развија симптоми слични на грип.

Политико посочува дека портпаролот на Пентагон одби да ги коментира овие извештаи и брифингот со членовите на Конгресот. Тој кажа дека Министерството за одбрана не е запознаено со нападите со насочена енергија врз американските сили во Сирија.

Оваа истрага е дел од пообемната истрага за мистериозните симптоми на кои се жалат некои американски официјални лица во странство.

Ваквите симптоми почнаа да се појавуваат уште во 2016 година, кога вработените во американската Амбасада во Хавана се пожалија на акутно зуење и притисок во ушите, губење на слухот и рамнотежата, замор и главоболки. Мистериозната болест меѓу американските дипломати во Куба стана позната како „синдромот Хавана“.