четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За непочитување на полицискиот час ОЈО достави предлог казни од по две илјади евра против седум лица

За непочитување на полицискиот час ОЈО достави предлог казни од по две илјади евра против седум лица
фотоилустарција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози од по две илјади евра против седум лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.

– Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот – полициски час, како мерка за спречување на ширењето на заразна болест. Без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители предложиле Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се товарат за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. (МИА)