среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апостолоски до Маркоска: Во Ѓорче Петров губите неколку циклуси наназад и ќе губите бидејќи никогаш не сте застанале на страната на Македонија

Апостолоски до Маркоска: Во Ѓорче Петров губите неколку циклуси наназад и ќе губите бидејќи никогаш не сте застанале на страната на Македонија

Гледам денес се појавила кампањската пратеничка на СДСМ од Ѓорче, Даниела Маркоска. Kарактеристично за оваа госпоѓа е што се појавува непосредно пред одржување на локални или парламентарни избори, а потоа четири години ги одминува жителите на Ѓорче без да ги поздрави. Ако толку се грижи за Ѓорче и за ѓорчепетровци, нека отиде до општината и да го разбуди веќе четири години заспаниот градоначалник. Маркоска, така не бидува и затоа ќе паѓате како есенски лисја.
Денес ги напаѓа сите кои вчера го изразија револтот и чекореа од Влада до Собрание, бидејќи според неа бранеле терористи. Епа вака, не се тие терористи, тие се родољуби, кои за разлика од тебе и твоите пајташи ја сакаат Македонија и се борат за неа, стои во Фејсбук статусот на Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Терористи сте вие што четири-пет години со прст не мрднавте, лапате кеш при секоја прилика, а народот нема пари да преживее финансиски, ниту пак вакцини да си ги спасат животите. Тоа е тероризам, да му го укинете правото на живот на човекот. Тероризам е да велите дека го претставувате Ѓорче, а да не се борите да се обезбедат вакцини за ѓорчепетровци и да поддржувате закон за Клинички центар за да може Заев да украде пола милијарда евра! Ви го разбирам гневот до некаде, пишува тој.

– Уште малку месеци ви останаа, после ќе треба ем да враќате, ем да одговарате за тоа што сте земале.
Во Ѓорче Петров губите неколку циклуси наназад и ќе продолжите да губите бидејќи никогаш не сте застанале на страната на Република Македонија.
П.С Жалам што кафанските дружби и седенките по скапи хациенди ќе мора да ги замените со далеку поладни соби.
Ама тоа е, секој по заслуга, се вели во Фејсбук објавата на Апостолоски.

Најнови вести