недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев и Ангеловски со поддршка за Несторовски

Пандев и Ангеловски со поддршка за Несторовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски дефинитивно нема да настапи на Европското првенство оваа лето.

Денес Несторовски имаше детални прегледи кај докторот Маријани во Рим, каде беше потврдено дека ќе мора на операција на вкрстените лигаменти.

.Веднаш со поддршка за Несторовски се јавија капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци.

„Брат мој, те познавам долги  години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“, напиша Пандев на Инстаграм.

„Нема предавање. Мораш да се вратиш посилен“, напиша Ангеловски на Инстаграм.