понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ерик Баји го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Ерик Баји го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Ерик Баји , дефанзивецот на Манчестер Јунајтед денеска официјално стави потпис на нов договор со премиерлигашот.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска не беше задоволен од статусот во екипата и се зборуваше дека не очекува да добива поголема минутажа од Оле Гунар Солскјер, но сега потврди дека ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година.

Актуелниот договор на Баји истекуваше следното лето, па ако не решеше да потпише нов, тогаш сигурно и Јунајтед ќе инсистираше да замине со одредена трансфер сума, за да не го загуби без отштета во 2022 година.

Баји зад себе има 100 настапи во дресот на Јунајтед, а во Англија пристигна од Вилјареал во 2016 година.

.