понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција во целосен „локдаун“ до 17 мај

Турција во целосен „локдаун“ до 17 мај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган воведе целосен „локдаун“ до 17-ти мај. Ова ќе вклучува континуирано заклучување, затворање на училишта и ограничувања на патување на долги растојанија за да се спречи наглиот пораст на случаи со коронавирус и смртни случаи.

– Се преминува на целосно затворање во четврток, 29 април, од 19 часот до понеделник, 17 мај, до 5 часот наутро, рече Ердоган.

По состанокот на владата, Ердоган рече дека за сите меѓуградски патувања е потребно одобрување од властите и дека сите училишта ќе ја прекинат наставата во живо, пренесува „Ројтерс“.

Според него, производството и секторот за храна ќе бидат изземени од новите ограничувања. Дневниот број на случаи треба да падне под 5.000 до крајот на Рамазан, додаде турскиот претседател.

Бројот на дневни случаи во Турција достигна над 63.000 на 16 април, пред да падне нагло под 39.000 во неделата, додека дневната бројка на смртни случаи остана над 300 во текот на изминатата недела.