четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Трајановски: Шилегов прво нека изгради нешто за Скопје, а потоа нека се дрзне да руши што е изградено од ВМРО-ДПМНЕ

Трајановски: Шилегов прво нека изгради нешто за Скопје, а потоа нека се дрзне да руши што е изградено од ВМРО-ДПМНЕ

Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се градеше. Да не набројувам се што се изгради и направи во градот Скопје. Ајде кажете ми во изминатиот период што за четири години се направи во градот Скопје? Кај се парите? Значи „Скопје 2014“ се градеше, но се граде и други работи, тука е Жичарата, „Борис Трајковски“, едната сала, другата сала, Арената „Филип Втори“, булевари, катни гаражи, Градот Скопје, ПУИК, Општина Центар, значи тој период на ВМРО-ДПМНЕ имаше интензивна градба на градот, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија.

Трајановски посочи дека „Скопје 2014“ привлече четири пати повеќе туристи, кои претходно ги немаше. Скопје стана прв туристички град во Македонија, поголем дури и од Охрид.

„Вие знаете кога ја направивме фасадата на „Пелистер“ колку беше импресивно, колку луѓе дојдоа да се сликаат, да видат дека сепак центарот на градот Скопје почна да заличува“, појасни Трајановски.

Трајановски додаде дека не се сложува да Петре Шилегов денес се што било изградено во минатото го сруши. Прво нека изгради нешто, а потоа нека се дрзне да руши.

„Судот ги отфрли постапките за рушење на Галиите. Значи има некоја огромна омраза спрема сето она што е направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Трајановски.

Трајановски укажа дека пред Шилегов да стане градоначалник фонтаната на плоштадот се одржуваше дури и имаше чувари кои што ја чуваа, а денес ниту чуварите ги има.

„Немам образложение зошто се одложи изградбата на Луна парк, тоа треба да се праша Петре Шилегов. Но, очигледно ова е уште еден каприц, уште една прилика она што е започнато во време на ВМРО-ДПМНЕ да биде стопирано, или пак срушено“, нагласи Трајановски.

Трајановски посочи дека тој му остави Луна парк кој што скоро околу 90-тина проценти беше готов, дури му остави идејно решение, но тој ништо не направи. А, адреналиските реквизите скапуваат во некој магацин бидејќи Шилегов не сака да го спроведе проектот оставен од ВМРО-ДПМНЕ.

„Далеку се локалните избори, има време, значи секоја партија си прави анкетирање на граѓаните на кого највеќе би му ја дале довербата. Така да и мојата партија исто прави, така да во зависност од тоа какво ќе биде мислењето на граѓаните понатака ќе се одлучува“, истакна Трајановски.