недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Теретана во Скопје работела и покрај забраната- приведени 3 лица

Теретана во Скопје работела и покрај забраната- приведени 3 лица
илустрација

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги лишија од слобода И.И., М.Н. и И.А.(сопственик) кои биле затекнати во теретана на ул. Емил Зола во Скопје и покрај забраната за работа на вакви објекти.

Објектот е пломбиран од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, а по насока на јавен обвинител лицата се приведени и протов нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по чл. 206 од КЗ на РСМ.