Утрово во Арачиново има полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога.
-По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Свети Николе, објави пред малку на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата, напоменувајќи дека ова е една од низата полициски акции спроведени писледниот период.