недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хрватска ja забранува употребата на пластични кеси

Хрватска ja забранува употребата на пластични кеси

Новиот Закон за управување со отпад во Хрватска предвидува целосна забрана за лесни пластични кеси, кои повеќе не ќе може да се купат.

Тоа го потврди во интервју за ХРТ, Сања Радовиќ, раководител на секторот за одржливо управување со отпад во хрватското Министерство за економија и одржлив развој.

– Она што новиот Закон за управување со отпад, што се уште е во постапка, го донесува оваа година, е целосна забрана за лесни пластични кеси. Тие повеќе не ќе можат да се купат, нагласи Радовиќ.

– Новата мерка беше усвоена затоа што целите за намалување на отпадот не се постигнати во последните неколку години. Наместо пластични кеси, препораката е да користиме свои платнени кеси, додаде таа.