петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Завршниот турнир на СЕХА лигата во септември во Задар

Завршниот турнир на СЕХА лигата во септември во Задар

Раководството на ракометната СЕХА лигата ги извести сите клубови учесници дека осминафиналните натпревари ќе треба да се одиграат во мај.

Двојките за осминафиналето ќе бидат познати откако ќе бидат одиграни одложените натпревари кои исто така закажат во мај, согласно епидемиолошките мерки во сите земји од каде доаѓаат екипите.

Со оглед на епидемиолошката ситуација и најавите за вакцинација на спортистите и учесниците во лигата, и поради недостаток на датуми во календарот за оваа сезона, решено е четвртфиналните натпревари од СЕХА лигата да се играат во август.

Извршниот комитет на СЕХА лигата реши следниот завршен турнир да се одржи во хрватскиот град Задар, од 3 до 5 септември 2021 година.