Ноќта во Манчестер која дефинитивно ги потсети фудбалерите на Рома на натпреварот со 7:1 во минатото во Лигата на шампионите,сега нешто слично се случи но во Лига Европа .
Фернандеш го доведе Јунајтед во водство, а Рома до крајот на првото полувреме преку Пелгрини и Џеко дојде до пресврт. На пауза „волчицата“ водеше со 1:2.
Во вториот дел италијанскииот претставник целосно се распадна, а Јунајтед постигна уште пет гола. На самиот старт по три минути игра изедначи Кавани, повторно Кавани во 68. минута донесе и предност.
Седум минути по голот на Кавани и Фернандеш го постигна својот втор гол за 4:2. Не застануваше Јунајтед, па веќе во 75. минута Фернандеш сега беше асистент, погоди Погба. Конечните 6:2 ги постави Гринвуд во 86. минута. Во вториот натпревар Виљареал го победи Арсенал со 2:1.