недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската селекција на Италија ќе се вакцинира пред ЕП

Фудбалската селекција на Италија ќе се вакцинира пред ЕП

Фудбалската репрезентација на Италија се подготвува за вакцинирање пред Европското првенство. Селекторот Роберто Манчини состави листа од 35 потенцијални фудбалери кои ќе ги повика за континенталниот турнир.

Оваа одлука предизвика контроверзи во Италија, бидејќи голем дел од жителите уште немаат примено вакцини.

Само 10% од населението е комплетно вакцинирано, околу шест милиони луѓе, додека речиси 20 милиони примиле само една доза и чекаат ревакцинација.

Тоа значи дека 34 милиони жители воопшто не се вакцинирани, од кои повеќето се луѓе во ризичната старосна категорија.

УЕФА во меѓувреме не врши притисок како КОНМЕБОЛ околу вакцинирањето, но ги охрабрува федерациите да обезбедат вакцини за своите репрезентативци со цел ЕП да се одвива непречено.