петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рој Кин: Нема да биде последна порака која ја испраќаат навивачите на Манчестер Јунајтед

Рој Кин: Нема да биде последна порака која ја испраќаат навивачите на Манчестер Јунајтед

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Рој Кин не само што не го осуди однесувањето на навивачите на стадионот на Манчестер Јунајтед, туку најави дека ова е само почеток во испраќањето пораки до сопствениците кои размислуваат само за профит.

– Разочаран сум што натпреварот е одложен, но на фановите на Јунајтед веќе им е дојдено преку глава. Ова го прават бидејќи го сакаат клубот.Ова не е само поради последните недели и Супер лигата, ова се собираше со години. Решија дека што е многу, многу е, а одложувањето на дербито е силна порака. Раководството не е доволно добро, сопствениците размислуваат само за пари, мислам дека фановите на Јунајтед го прават ова од љубов кон клубот. Можеби луѓето не го одобруваат овој начин, но некогаш мора да нацрташ линија за да биде забележана. Се надевам дека сопствениците ќе сфатат дека фановите се сериозни, а ова нема да биде последната порака која ќе ја испратат, – изјави Кин.