недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Северна Кореја нема да учествува во квалификациите за пласман на СП 2022 година

Северна Кореја нема да учествува во квалификациите за пласман на СП 2022 година

Северна Кореја ги извести властите дека нејзината репрезентација планира да не учествува во квалификациите за СП во фудбал, што ќе се одржи во Јужна Кореја, поради страв од коронавирус, објави Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја.

Севернокорејскиот фудбалски сојуз во петокот испрати писмо до Азиската фудбалска конфедерација, во кое се наведува дека нејзиниот тим нема да учествува во второто коло на квалификациите, изјави портпаролот на Корејскиот фудбалски сојуз, Ли eае-Чул, пренесува Ројтерс.

Одлуката на Северна Кореја да не учествува на квалификациите за СП беше донесена еден месец откако земјата објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, исто така, поради стравот од коронавирусот.