петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јакобсен останува селектор на Данска до 2025 година

Јакобсен останува селектор на Данска до 2025 година

Данската ракометна федерација и селекторот на оваа репрезентација Николај Јакобсен ја продолжија соработката до 2025 година.

Јакобсен ја презеде функцијата во 2017 година, а сега двете страни повторно ја продолжија соработката овој пат, до летото 2025 година за СП чиј домаќин ќе биде Данска.

Јакобсен и Данска на последните два Мундијали го освоија златниот медал и станаа Светски шампиони.