Откако објави дека по 27 години брак се разведува од сопругата Мелинда, Бил Гејтс доби понуда од српската пејачка Неда Украден.
Читајќи вест за разводот на познатиот милијардер, таа оставила коментар на Инстаграм кој го пренесоа српските медиуми.
-Бил, дојди да остариме заедно, му порача Украден на Гејтс шегувајќи се.
Нејзиниот коментар предизвикал лавина реакција.