сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ја нападнал сопругата, па се заканувал на нејзиното семејство – приведен маж од Велес

Ја нападнал сопругата, па се заканувал на нејзиното семејство – приведен маж од Велес

На 04.05.2021 во 16:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле З.А.(43) од Велес.

Приведен е поради постоење основи на сомнение дека околу 14:15 часот физички ја нападнал неговата сопруга и со остар предмет упатил закани кон членови на неговото семејство.

По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.